Педри ги загрижи фановите на Барселона, па испрати порака на социјалните мрежи

Дерби

03/12/2025

14:28

151

Големина на фонт

а а а

Педри испорача уште еден фудбалски мастерклас на средината на теренот и само покажа колку многу недостасуваше за тимот на Барселона, но во поселдните 20 минути од дербито со Атлетико Мадрид, извонредниот играч за врска предизвика и паника меѓу фан базата на клубот.

Импресивниот Педри се пожали на повреда и побара измена по 74-ри минути игра, па иако се доби впечаток дека станува збор за нов мускулен проблем, добра вест за фановите на Барселона е што испадна дека се работи само за акумулиран замор.

Педри се врати од повреда и ова за него беше прв старт од „Ел Класико“ дербито со Реал Мадрид, а по средбата, самиот тој реши да ги смири фановите со пораката која ја испрати на социјалните мрежи.

– Се е во ред, ви благодарам, – кратко порача Педри на социјалните мрежи.

Барселона го победи Атлетико со 3:1 во големото шпанско дерби кое вчера се одигра на „Камп Ноу“, натпревар на кој Педри ја контролираше играта во средниот ред, но кој го заврши и со една асистенција благодарение на маестралното додавање кое го режираше до Рафиња.