Поранешниот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, ја покажа импресивната, извајана фигура 20-тина дена пред борбата со поранешниот јутјубер Џејк Пол.
Овие неочекувани противници ќе се борат во Мајами на 19 декември, со награден фонд вреден огромни 159 милиони евра што ќе бидат подеднакво поделени.
Професионалната борба ќе се одвива во осум рунди од по три минути.
Промоторот Еди Хирн призна дека тој и Џошуа нема да имаат друг избор освен да се повлечат ако Британецот не го „уништи“ Пол, кој е попознат по своите подвизи на Јутјуб отколку во рингот. Хирн, исто така, го предупреди Пол дека може да биде „сериозно повреден“ против многу повисокиот и потежок Џошуа.

Околу 20-тина дена пред борбата, Џошуа објави фотографии на социјалната мрежа Икс на кои ги покажа своите мускули со заканувачки натпис „Нема утре“, предизвикајќи лавина коментари од обожавателите.











