Легендарниот холандски фудбалер ги одбра четирите фаворити за освојување на Мундијалот

Точка

03/12/2025

16:02

415

Големина на фонт

а а а

Поранешниот холандски фудбалер Весли Снајдер (41) во разговор за шпанската „Marca“ ги прогласи Португалија, Шпанија, Франција и Бразил за најголеми фаворити на Светското првенство 2026.

„Ако морам да одберам четири екипи за полуфинале, тоа се Португалија, Шпанија, Франција и Бразил. Конкуренцијата е многу посилна. Сите се израмнети, ќе биде лудо. Англија исто така има неверојатен тим, како и Холандија. Можно е и Германија да се врати на вистинскиот пат, којзнае?“, изјави Снајдер.

Снајдер во кариерата играше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, Ница и Ал-Гарафа. Освои 19 клупски трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите со Интер.


„Улогата на класичната ’десетка‘ е минато. Јас бев вистинска десетка, како во старите времиња. Тоа денес е исчезнато. Сега се важни играчи од средниот ред со силно физичко присуство. Јас бев играч од средина, а мојата задача беше да им помагам на напаѓачите, а не да го покривам целиот терен, па според мене улогата на офанзивниот плејмејкер повеќе не постои. Мислам дека нема ниту една европска екипа што игра со вистинска офанзивна десетка“, додаде Снајдер.

За холандската репрезентација запиша 134 настапи и постигна 31 гол, а освои и светско сребро во 2010 година во Јужна Африка и бронза четири години подоцна во Бразил.


„Да се игра финале на Светско првенство против Шпанија беше неверојатно. Тоа беше многу изедначен натпревар. Можевме да победиме, но за жал тие славеа“, рече Снајдер.

Да потсетиме, Шпанија ја победи Холандија со 1:0 со голот на Андрес Иниеста во 116-тата минута. „Да ја искористеше Робен големата шанса што ја имаше, ќе завршеше 1:0 за нас. Во вакви натпревари потребна е и малку среќа“, додаде Снајдер.