[ФОТО] Пере Нокаут во семејна идила: „Пет години љубов, радост и чудо“ за малата Софиа

Точка

24/11/2025

17:15

692

Големина на фонт

а а а

Петтиот роденден на малата Софиа, ќерка на поп-рок музичарот Никола Перевски Пере, помина во вистинска семејна идила.

Фронтменот на „Нокаут“, кој важи за посветен семеен човек, заедно со сопругата Јована подготвија топол и внимателно организиран роденден на отворено, на кој доминираат детскиот џагор, шарената декорација и атмосфера исполнета со љубов.

Софиа, која наполни пет години, беше во центарот на вниманието - насмеана, разиграна и опкружена со сите свои најблиски. На фотографиите од прославата се гледа како малечката ужива во секој момент од својот ден, а веднаш до неа стојат нејзините три сестри, кои се неизоставен дел од нејзиниот раст и секојдневие.


Во описот на објавата на социјалните мрежи, Пере ѝ посвети емотивни зборови на својата ќерка, пишувајќи:

„Софиа, пет години љубов, радост и чудо. Среќен роденден, малечка“.

Објавата собра многу реакции, а под фотографиите се редат честитки од пријатели, блиски и фанови:

„Среќен роденден, Софи наша најмила. Те сакаме најмногу. Среќна да е секој ден“, „Да е жива и здрава и секогаш насмеана“,  „Прекрасна славеничка, да ужива во детството“.

Софиа е третото дете на Перевски, кој од првиот брак ги има ќерките Михаела (Миа) и Каја, додека со сопругата Јована ги има Софиа и најмладата Ирис. Перевски низ годините јавно покажува дека улогата на татко му е подеднакво важна како и музичката кариера, а неговите објави често ја отсликуваат таа топлина и длабока поврзаност со девојчињата.

Петтиот роденден на Софиа беше уште една потврда за семејната сплотеност на Перевски и местото кое децата го имаат во неговиот живот.

Автор: Ц.Н.