Лени Кравиц доживеал непријатен инцидент: Обожавателка му искубе четири суканици на концертот

Точка

24/11/2025

14:05

395

Големина на фонт

а а а

Рок иконата Лени Кравиц (61) моментално е на турнеја во Австралија по повод неговиот албум од 2024 година, „Blue Electric Light“.

Во видео објавено на Инстаграм кратко по настапот во „Brisbane Entertainment Centre“, Кравиц им раскажал на обожавателите дека инцидентот со суканиците се случил додека поминувал низ публиката за време на изведбата на песната „Let Love Rule“.


„Бризбејн, тоа беше лудо“, рекол пејачот во видеото споделено на Инстаграм приказна.

„Една многу возбудена млада обожавателка ми искубе четири суканици од задниот дел на главата. Знаете колку силно треба да повлечете за да ги искубете? Лудо!“, рекол Кравиц.


Но пејачот додал дека овој момент нема да го одврати од тоа и понатаму да влегува во публиката за време на оваа песна, во текот на која традиционално слегува од бината и им се придружува на обожавателите.


„Нема да престанам да доаѓам кај вас за „Let Love Rule“ бидејќи тоа е нашиот заеднички момент. Бризбејн, луди сте. Ве сакам“, додал тој.

Кравиц е на половина од својата австралиска турнеја, која продолжува во вторник, 25 ноември, во арената „Џон Кејн“ во Мелбурн, по што следуваат настапите во Милдура на 28 ноември и во Аделаида на 29 ноември. Овие концерти го означуваат неговото прво враќање во Австралија од 2012 година.


„Одењето во Нов Зеланд за прв пат и враќањето во Австралија по толку многу години ѝ дава на мојата душа прекрасна енергија. Вие сте неверојатни. Ви благодарам што го делите ова со мене. Одиме понатаму!“ напишал Кравиц во објава на Инстаграм на 21 ноември.