[ВИДЕО] Лукас се враќа во Скопје: Парите ќе ги донираме на семејствата во Кочани, Владата да не се секира сите документи ќе ги носиме, па и тоалетна хартија

A1ON.MK

24/11/2025

18:15

2.764

Големина на фонт

а а а

Аца Лукас и неговиот менаџер Саша Митровиќ преку ТикТок најавија прес конференција на која како што рекоа ќе докажат со аргументи дека притворањето на Лукас е нарачано и направени од приватни причини. Двајцата тврдат дека Лукас ги имал сите потребни документи, како и сте пати претходно, а луѓето што биле внатре останеле и после приведувањето.

„Па не бев уапсен воопшто, бев замолен да одам во полиција, а и сега не знам зашто бев приведен навистина. Сите документи беа регуларни, и не беше процедурата поинаква од онаа која ја имавме досега на сите настапи, но некому му застанавме на жуљ. Некој да ја користи својата позиција која ја добил од народот за да се пресметува со луѓето за свои приватни работи тоа е противзаконски, а и дегутантно и одвратно“, рече Лукас.

Двајцата најавија концерт на 20 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје, а комплетниот приход од концертот најавија дека ќе го однесат лично на семејствата на настраданите во Кочани, а ќе ги плателе и плус трошоците кон државата. Најавија дека ова ќе биде само една од донациите кои ќе продолжат да ги даваат во Кочани.


„Бидејќи се најавуваме сега дека ќе дојдеме, ќе дадеме се во добротворни цели, Господата од Владата да не се секираат ќе ги имаме апсолутно сите документи како што ги имавме и досега, дури и тоалетна хартија ќе понесеме да не помислите дека некој документ недостасува, најави Лукас.

„Да го затворате, притворате, да му ја ограничувате слободата без причина, а пуштавте дискотеки да работа без дозволи, дискотеки направени од картони, брука и срамота“, вели Митровиќ кој е убеден дека Лукас бил притворен само од приватни причини.

„Ако имало повеќе луѓе во клубот како што кажаа, зошто истиот клуб продолжи да работи со исто толку луѓе внатре откако заминав во полиција и диџеј пушташе музика уште два и пол часа до три“, праша Лукас.