Внуката на Џон Ф. Кенеди се бори со сериозна болест. Прогнозите на лекарите не се добри.
Ќерката на Керолјан Кенеди и Едвин Шлосберг, Татјана Шлосберг открила дека ѝ е дијагностицирана акутна миелодна леукемија во есеј објавен пред неколку дена во „The New Yorker“. Формата на леукемијата од која боледува има ретка мутација наречена Инверзија 3, што го отежнува лекувањето.
Дијагнозата ѝ била поставена само неколку часа по раѓањето на второто дете во мај 2024 година, кога лекарот забележал абнормално висок број на бели крвни зрнца. Поминала пет недели во болницата „Columbia Presbyterian“ примајќи хемотерапија.
Кратко време била на домашно лекување, а потоа поминала 50 дена во „Memorial Sloan Kettering“ поради трансплантација на коскена срцевина. Потоа била пуштена дома, со дополнително лекување.
Татјана во јануари се приклучила на клиничко испитување на CAR-T клеточна терапија, вид имунотерапија која била ефикасна против одредени видови на рак на крвта. И покрај сè, лекарите ѝ рекле дека ѝ преостанува една година живот.
Новинарката која пишува за еколошки теми и позната авторка се потсетила колку било застрашувачко времето кога нејзиниот роднина Роберт Ф. Кенеди помладиот бил именуван за министер за здравство и социјални услуги. Веднаш по тоа, лекарите и научниците од Колумбија, вклучувајќи го нејзиниот сопруг Џорџ, не знаеле дали ќе го задржат работното место, а таа не знаела дали ќе има здравствено осигурување.

Го критикувала министерот за здравство поради неговиот став за вакцините, велејќи дека тој е срам за семејството. Сурови зборови му упатила и поради одлуката за укинување на финансирањето на медицинските истражувања.
Сега се фокусира на своите најблиски, признавајќи дека тоа е потешко отколку што повеќето мислат. Се присетува на спомените.
„Понекогаш се залажувам мислејќи дека ќе го паметам ова засекогаш, дека ќе се сеќавам и кога ќе умрам“, порачала таа.











