Листата на имиња на Македонци кои полека, но сигурно го освојуваат светот во различни области од културата се зголеми за уште едно име – Матеј Џајковски („BigSlav“).
Македонскиот продуцент Матеј Џајковски („BigSlv“) е номиниран за една од најпрестижните музички награди „Греми“.
Тој работел на албумот на групата FLO „Access All Areas“ и бил дел од авторите и продуцентите на песната „On & On“ од спомнатиот албум.
Албумот „Access All Areas“ е номиниран за најдобар во категоријата „Best Progressive R&B Album“ на 68-то издание на „Греми“ наградите кое ќе се одржи на 1 февруари наредната година во „Crupto.com“ арената во Лос Анџелес.
Овој албум доживеа голем успех, а се нашол на првото место на „Apple Music“ со САД и Велика Британија, а што се однесува до песната „On & On“ која ја продуцираше Џајковски, по само неколку месеци станала апсолутен фаворит на фановите на групата. Таа се рангирала високо и во музичкото списание „Billboard“ и е вистински радиохит.

Матеј Џајковски веќе подолго време работи како музички продуцент во Лос Анџелес, а ова е негова прва номинација за Греми.
Инаку, за неговите успеси слушнавме и во минатото кога неговата музика се најде во серијата „Inventing Anna“, воедно една од најгледаните серии на „Netflix“.





