Лага која ја смени историјата: На принцот Вилијам му се скршило срцето по вистината за „трагичното предавство“ на принцезата Дајана

Точка

24/11/2025

14:17

675

Големина на фонт

а а а

Енди Веб, авторот на книгата „Дајанарама“, открива дека судбинското интервју на „BBC Panorama“ го сменилo текот на историјата и животот на Дајана.

Пред точно 30 години принцезата Дајана пред камери ја изговори популарната реченица:

„Во овој брак бевме тројца“.

Во тоа време интервјуто било сметано за голем триумф на новинарот Мартин Башир. Дури подоцна се докажало дека Башир дошол до неа со помош на фалсификувани документи и лаги.


Енди Веб, новинар којшто помогнал целата лага да се разоткрие, за „HELLO!“ вели дека 20 години трагал по вистината со помош на братот на Дајана, грофот Чарлс Спенсер.

„Важно е да ја раскажеме оваа приказна, особено поради последиците кои ги остави на семејството на Дајана, принцот Вилијам и Чарлс Спенсер“, вели Енди.

„На крајот на денот, ова не се само кралски титули, ова се реални луѓе“.

Како Башир ја излажал Дајана?

Башир во 1995 година тврдел дека тогаш 13-годишниот Вилијам добил часовник со уред за прислушкување којшто требало да ја шпионира Дајана. Лажел дека принцот Чарлс бил заљубен во дадилката Тиги Лег-Борк, како и дека најблискиот соработник на Дајана, Партик Џефсон, зема пари да ја шпионира. Тие тврдења ги „поткрепил“ со фалсификувани сметки од банка.


Скршеното срце на Вилијам

„Кога Вилијам ги сфати размерите на измамата тоа за него морало да биде поразувачки“, вели Енди, па додава: „Кој не би се чувствувал ужасно да открие дека измамник манипулирал со неговата мајка?“.

Енди верува дека вината не лежи само во Башир:

„BBC шест месеци подоцна знаеше за фалсификатите, тука можеше да го запре. Но, Дајана беше жртва на сопствената слава, а приказната беше преголема за да се запре“.

Врската меѓу интервјуто и Париз

Во текот на истражувањето, Енди стекнал доверба во грофот Спенсер кој го натерал да верува дека постои директна врска меѓу измамата и несреќата на Дајана во Париз во 1997 година кога починала со своето момче Доди Фајед во автомобилот којшто го возел шоферот на семејството на Ал Фајед.


„Може да се повлече линија од Панорама до Париз“, вели Енди, па додава:

„Поради лагите кои ги слушнала, Дајана ги отфрлила луѓето на кои им верувала, како Патрик Џефсон. Еден месец по интервјуто добила писмо од кралицата дека е време за развод. Потоа се нашла во Париз“.

Приказна која ќе се кажува со векови

„Како што и денес зборуваме за Ани Болен, така и за 500 години од сега ќе се зборува за заверата која ја сруши Дајана“, вели Енди, па додава:

„Ги има сите елементи на Шекспирова драма – убава принцеза, неверен сопруг и лоши луѓе кои ѝ шепотат лаги. И, сѐ завршува трагично“.