Како Норвежаните се справуваат со зимата? Формулата од северот може да ги разубави темните и ладни денови

Точка

23/11/2025

15:17

3.705

Големина на фонт

а а а

Норвежаните се големи љубители на свеж воздух и поминување време на отворено, дури и среде зимата кога температурите се под нулата.

Добро е познато дека нивните зими се долги и темни, но тие успешно се справуваат со нив благодарение на концептот „friluftsliv“, што може да се преведе како „живот на свеж воздух“. Концептот е донекаде сличен на данскиот „hygge“, но додека hygge ве учи како да се чувствувате подобро дома, „friluftsliv“ ќе ве научи како да уживате на отворено.

„Friluftsliv“ е дел од норвешката традиција и длабоко вкоренет во обичаите на земјата. Станува збор за прифаќање на престојот на отворено, дури и на ниски температури, со цел да се поврзете со природата и да се опуштите.


„Животот на отворено е важен за физичка активност, релаксација и наоѓање време за себе и за другите“, смета Даг Солванг од Норвешката асоцијација за планинарење, додавајќи дека апсолутно секој може да ужива во животот на отворено.

Со „friluftsliv“, не мора да трошите пари за да уживате. Можете едноставно да шетате со вашето семејство, да одите на кампување или да уживате во риболов. Иако повеќето од нас го прифаќаат ова во некоја форма, во Норвешка тоа е страст. Без разлика какви се временските услови надвор – дожд, град, снег – Норвежаните веруваат дека уживањето во свеж воздух нема алтернатива. Интересно е што терминот е измислен во средината на 19 век од големиот писател Хенрик Ибзен.


Сепак, треба да се каже дека Норвежаните имаат и среќа, бидејќи дури и во голем град како Осло, има огромни простори за уживање во природата. Земјата има и Закон за рекреација на отворено, кој предвидува дека секој жител има право да користи земјиште низ цела Норвешка за кампување, планинарење, скијање, возење велосипед… Со други зборови на далечниот север животот на отворено е високо ценет.