[ВИДЕО] Непалец кој работи во „Градска чистота“ во Хрватска решил да се врати како богаташ во родното село: Погледнете го спектакуларното враќање

Точка

18/11/2025

13:07

1.754

Големина на фонт

а а а

Непалец кој работи во дубровничката „Чистота“ решил враќањето во татковината да го направи спектакл.

Имено по враќањето во Непал, тој изнајмил хеликоптер, кој го спуштил него и неговото семејство на ливада покрај нивното село. Необичната глетка привлекла бројни мештани кои го пречекале. Хеликоптерот слетал, мобилните телефони снимале, децата трчале околу хеликоптерот, а тој, скромно и тивко, со насмевка излегол.

Според достапните информации, работникот потрошил околу 800 евра за овој петминутен лет, што е речиси колку неговата месечна плата (1.000 евра) во Дубровник, пишува „Слободна Далмација“.

Но, како што некогаш беше случај со нашите гастарбајтери, за многумина Непалци кои одат да работат во Хрватска, соочувајќи се со предрасуди, тешка физичка работа и скромни плати, вакво враќање дома значи и да им се покаже на семејството и селото дека нивните напори вределе.

Во само пет минути летање со хеликоптер сумирана е целата судбина на една генерација работници кои ја гледаат Хрватска како можност, но и како тежок предизвик.