[ФОТО] Главниот град во којшто нема ниту еден жител: Останал престолнина, но – не успеал да заживее

Точка

18/11/2025

12:43

1.940

Големина на фонт

а а а

Денес често се опишува како главен град без вистински градски живот, место во кое се извршува работата, но и во кое никој всушност не живее.

Нгерулмуд е еден од оние градови којшто звучи како да припаѓа во некоја далечна легенда, а во голема мера тоа е така.

Сместен длабоко во тропското зеленило на островот Бабелдаоб, ова скриено катче на Пацификот ја носи титулата главен град на Палау. Наместо метежот којшто главно се поврзува со политичкото седиште, Нгерулмуд дише во медитативната тишина: уредните, монументални државни згради стојат среде природата, без сообраќај, метеж или градска врева.


Град без жители

Статусот на главен град го добил во 2006 година кога Палау одлучил да ја премести администрацијата од живописниот Корор во новиот издигнат административен комплекс на островот Бабелдаоб.

Целта била да се направи современо политичко средиште, плански изработено и опкружено со простор за развој. Меѓутоа, животот во Нгерулмуд никогаш не заживеал како во типичните урбани средини.


Денес често се опишува како главен град без вистински градски живот, место во кое се извршува работата, но и во кое никој всушност не живее, додека статистиката покажува неколку 100-на жители во поширокото подрачје.

Интересно е и потеклото на името, Нгерулмуд на палауански значи „место каде се меша храната“, што дополнително ја зголемува речиси митската атмосфера на овој тивок, административен центар.