ПСЖ вчера испратил свои претставници во Советот на трудот во Париз и побара признание на доказите кои ги има доставено против Килијан Мбапе, фудбалер кој од минатата година води спор со клубот кој му беше работодавец во периодот од 2018-та до 2024-та година.
Француската фудбалска ѕвезда бара отштета од 240 милиони евра за неисплатени бонуси во финишот од етапата на „Паркот на принцовите“, но иако досега имаше неколку обиди од страна на ПСЖ мирно да се приведе овој спор при крај, засега случајот се уште постои како важечки и не се наѕира разрешница.
Поради тоа, Насер Ал Келаифи и неговите соработници доставија низа документите пред Советот за трудот во Париз, по што испратено е и официјално соопштени во јавноста за да се апострофираат сериозните прекршоци кои ги направил Мбапе во завршната авантура во клубот.
– ПСЖ денес се појави пред Советот на трудот во Париз за да побара признание за значителната штета што ја претрпе клубот како резултат на сериозно кршење на правно обврзувачките договорни обврски и најосновните принципи на добра волја и лојалност од страна на Килијан Мбапе.
– Клубот сака да повтори дека, повеќе од една година, направи сè што е можно за да постигне пријателско решение што ќе им овозможи на сите страни да продолжат понатаму, во согласност со односот на соработка и доверба што треба да постои помеѓу клубот и неговиот поранешен играч. Различни жалби поднесени во рамките на овој спор поттикнаа пријателски договор, кој клубот отсекогаш го спроведувал со добра волја. И покрај овие повторени напори, г-дин Мбапе постојано го напаѓа клубот во секоја пригода, вклучително и преку постапката покрената денес, жална ситуација и за самиот играч и за францускиот фудбал како целина.
– Пред судот, клубот презентираше докази што покажуваат дека играчот постапил нелојално со тоа што ја криел својата одлука да не го обнови договорот за речиси единаесет месеци, помеѓу јули 2022 и јуни 2023 година, со што клубот беше лишен од каква било можност за организирање трансфер. Играчот потоа го оспори договорот постигнат со клубот во август 2023 година, кој предвидуваше намалување на неговата плата доколку одлучи слободно да замине, со цел да се зачува финансиската стабилност на клубот по направената исклучителна инвестиција.
– Ова прикривање, заедно со оспорувањето на овој јасен и документиран договор, му предизвика на ПСЖ значителна штета, која клубот има намера да ја тужи пред надлежните органи, – гласи објавата на „светците“.











