Го напушти спортот и почна да заработува милиони, сега се сликаше за „Playboy“ и ги остави сите без здив

Точка

04/12/2025

11:34

2.103

Големина на фонт

а а а

Поминаа пет години од последниот настап на Пејџ Ванзант во октогонот на "UFC", но поранешната ММА-борачка и понатаму остварува успех надвор од рингот.

За време на боречката кариера, Ванзант привлекуваше внимание и надвор од спортот, најмногу поради својот атрактивен изглед. Откако во 2020 година го напушти "UFC", настапи во „BKFC“ (Bare Knuckle Fighting Championship), дебитираше во професионално борење за „All Elite Wrestling“ („AEW“), имаше професионален боксерски меч и трипати се натпреваруваше во „Power Slap“.

На социјалните мрежи има милиони следбеници, а со заминувањето од спортот почна да заработува милиони — самата призна дека за еден ден заработила повеќе отколку за целата дотогашна кариера.


Неодамна се најде и на насловната страница на декемвриското издание на „Playboy Sweden“, а по тој повод изјави:

„Во моментов се чувствувам најмногу како јас откога знам за себе. Ова е поглавје во кое се избираш себеси — мојата креативност, женственост, сила и забава. Веќе не сум ограничена на една титула, јас сум сè во исто време, и конечно се чувствувам усогласено“, рече Ванзант за магазинот, додавајќи:

„Можам да бидам жена која задава удари, а истовремено ја сака гламурозноста, уметноста и сензуалноста. Да се биде жена никогаш не било ограничување — тоа е мојата супермоќ.“

Во продолжение погледнете дел од нејзините атрактивни фотографии: