Киву за репрезентативецот кој е во втор план: Сè уште може да биде клучен за нас

Дерби

04/12/2025

12:56

202

Големина на фонт

а а а

Давиде Фратези дефинитивно не уживаше во завршната етапа на Симоне Инѕаги во Интер, а иако размислуваше за заминување во текот на летниот преоден рок, италијанскиот репрезентативец сепак реши да си даде шанса со новиот тренер.

Кристијан Киву претставуваше добра шанса за сите играчи да почнат од нула, но Фратези не може да се пофали со значајна минутажа од стартот на сезоната, нешто што сепак се промени на вчерашниот дуел во Купот.

Во моменти кога бираше комбиниран состав, Романецот после долго време му даде 90 минути на играчот за врска, а по позитивниот одговор од Фратези, Киву испрати охрабрувачка порака за иднината на Давиде.

– Фратези најверојатно заслужи повеќе минути од тие кои ги доби досега на теренот, но тој имаше проблеми, се врати од повреда и имаше некои работи кои не ги кажавме јавно. Требаше да го наполни резервоарот за да одигра 90 минути, но овојпат навистина беше добар, – изјави Киву по Куп победата на Интер над Венеција со 5:1.

– Знаеме дека Давиде може да биде многу важен и знаеме што може да му понуди на тимот. Досега носев различни решенија за неговата позиција, но знам дека тоа е играч на кој можам да сметам и дека тој може да биде клучен за нас, – изјави Киву.