Близок пријател на Пенев со детали за алармантната состојба на Бугаринот: Загуби 30 килограми за неполн месец!

Дерби

04/12/2025

12:28

247

Големина на фонт

а а а

Љубослав Пенев се бори со подмолна болест на позната онколошка клиника во Германија и тоа веќе беше пренесено од сите угледни медиуми од Шпанија и Бугарија, но реномираната „Марка“ сега открива нови детали за состојбата на славниот напаѓач, кој за жал дефинитивно е алармантна.

Поранешниот напаѓач на Валенсија, Атлетико Мадрид, Селта Виго и Компостела води животна битка во една од најпознатите онколошки болници во Европа, но поради специфичноста на туморот и лошата здравствена состојба, во прв момент не е возможно да се примени хемотерапија.

Планот на лекарите е да се примени имунотерапија со цел да се запре процесот на ширење на болеста, а бидејќи станува збор за исклучително скап третман, семејството на Пенев веќе почна да собира донации.

Шпанските клубови почнаа да се солидаризираат и веќе организираа начини да се собираат пари, а човекот кој го доведе Љубо во шпанскиот фудбал пред повеќе од три децении, сега открива дека на семејството му се потребни околу 300 илјади евра.

– За жал, состојбата на Љубо е многу комплицирана и загрижувачка. Тој е стабилен во моментов и чека да му се аплицира предвидениот третман, а работите се усложнети поради фактот што загуби 30 килограми за помалку од еден месец, – открива Хуанхо Родри за „Марка“.

– Станува збор за тумор на бубрегот, кој почнал да се шири и на други органи. Во прв момент, планот е да подлегне на имунотерапија и со палијативна нега да се спречи напредување на метастазите. На семејството му се потребни измеѓу 250 и 300 илјади евра, па се надевам дека сите погодени клубови ќе се вклучат во соработката, – додава блискиот пријател на Пенев.