Менаџерот на Сандерленд: Останавме изненадени од тактиката на Ливерпул

Дерби

04/12/2025

14:00

211

Големина на фонт

а а а

Сандерленд го потврди статусот на тврд орев и остана непоразен во уште еден дуел со англиски великан, а вчера имаше шанса да забележи и огромна победа на гостувањето на „Енфилд Роуд“.

Исидор не реализираше 100-процентна шанса во 94-та минута во моментите кога на семафорот стоеше 1:1, па на крајот натпреварот заврши нерешено што беше и најреален исход со оглед понуденото на теренот.

Менаџерот Режис Ле Бри повторно можеше да биде задоволен од прикажаното на неговиот тим, а во анализата која ја направи по мечот, нагласи дека останал и изненаден од тактиката и поставеноста на Ливерпул во првото полувреме.

– На крајот имавме голема шанса да постигнеме втор гол и да победиме, но сметам дека ремито е добар и реален резултат за двата тима. Почнавме навистина добро во првото полувреме, а тоа беше период во кој бевме и малку изненадени.

– Не очекувавме да не остават да играме и да доминираме со топка на тој начин. Во второто полувреме улогите се променија, но и во такви услови, успеавме први да постигнеме гол, – изјави Ле Бри.