Мбапе воодушеви со претставата на „Сан Мамес“, но со еден „Винисиус потег“ го навлече гневот кај фановите на Атлетик

Дерби

04/12/2025

12:58

288

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе имаше спектакуларна претстава на „Сан Мамес“ во Билбао и практично сам го реши големиот ривал во дербито, бидејќи напаѓачот на Реал постигна два погодоци, а имаше и улога на асистент при погодокот кој го даде Камавинга.

Учинокот од два погодоци и една асистенција беше повеќе од доволен да го понесе МВП признанието, но за време на натпреварот, Килијан се најде во центарот на вниманието и поради еден дриблинг, но и еден „Винисиус потег“.

Мбапе нема да остане во добро сеќавање кај навивачите на Атлетик поради претставата која ја имаше против нивниот омилен тим, но дефинитивно и поради симулацијата со која се обиде да изнуди пенал.

Пред крајот на првото полувреме, Мбапе се струполи на земја и се обиде да исценира пенал од судијата, а поволна вест за него во целата ситуација беше и тоа што мина без јавна опомена.

За вакви ситуации, судиите според протоколот треба да доделуваат жолти картони, но Мбапе вчера мина без опомена од Хил Мансано.