Составот на Денвер Нагетс не дозволи никакво изненадување и запиша убедлива победа над Њу Орлеанс Пеликанс во НБА лигата.
Избраниците на Аделман триумфираа со 122:88 и тоа во меч во кој имаа две моќни четвртини, првата и третата кои ги добија со 34:25 и 39:11, периоди во кои ја направија разликата на ова соочување.
Ова за Нагетс беше трето славје во четвртиот сезонски натпревар, лидер одново беше Никола Јокиќ со 21 поен, 12 скока и 10 асистенции. Србинот во сите дуели во тековнава кампања забележа трипл-дабл учинок и со тоа уште од сега најави кандидатура за МВП признанието.
За него воедно ова беше 17. трипл-дабл учинок остварен со помалку од 30 минути на теренот со што е најдобар во историјата на НБА.
Лос Анџелес Лејкерс повторно го слави Остин Ривс кој овојпат со звукот на сирената донесе триумф на гостувањето кај Минесота Тимбервулвс.
Во отсуство на Дончиќ и Џејмс, Ривс е вистински лидер, ја презема одговорноста кога беше најпотребно и погоди за победа на неговата екипа од 116:115. Тој беше прв стрелец во тимот со 28 поени, но испорача и 16 асистенции што е навистина импресивно. Рендл и МекДениелс за поразните искомбинираа 63 кошеви.
РЕЗУЛТАТИ:
Бостон – Кливленд 125-105
Детроит – Орландо 135-116
Бруклин – Атланта 112-117
Чикаго – Сакраменто 126-113
Далас – Индијана 107-105
Денвер – Њу Орлеанс 122-88
Јута – Портланд 134-136
Минесота – Лејкес 115-116
Феникс – Мемфис 113-114











