Карим Бензема во ексклузивното интеврју за „АС“ говореше на низа интересни теми и ја коментираше актуелната ситуација во Реал Мадрид под водство на Чаби Алонсо, но во најголем дел од разговорот, најмногу пофалби упати за главниот лидер на клубот, Флорентино Перез.
Човекот кој тој го нарекува фудбалски татко е важна фигура во неговиот живот, започнувајќи од првата средба во Франција кога дошол да го осигура трансферот во неговиот дом во Лион, па се до денеска кога се уште комуницира со првиот човек на „кралевите“.
Флорентино Перез е познат како човек кој секогаш носи одлуки кои се најдобри за Реал Мадрид, но во период кога често знае да се заклучи дека на актуелниот тим му недостасува класична „деветка“, Бензема не исклучува сензационално враќање на „Бернабеу“ доколку добие повик од еден човек.
Бензема има 37 години и ужива во Саудиска Арабија, но вели дека со задоволство би се вратил во Европа доколку му се јави Перез.
– Ако Флорентино биде во клубот, можно е да се вратам. Често зборувам со него и би го направил тоа доколку побара такво нешто. Јас сум мадридиста, тоа го имам внатре во себе. Мадрид е мојот клуб, мојо град и ако добијам повик од Перез, се може да се случи, – изјави Бензема.







