Погледнете како фудбалерите на Курасао го прославија пласманот на Мундијалот.
Фудбалската репрезентација на Курасао успеа да приреди вистинска сензација и да обезбеди историски пласман на Светското првенство.

Оваа островска земја со едвај 156.000 жители, која има посебен административен статус, издржа огромен притисок од репрезентацијата на Јамајка, одигра нерешено 0:0 и со тој резултат избори директен пласман на Мундијалот.

По последниот свиреж, играчите, навивачите и стручниот штаб на Курасао не ја криеја еуфоријата – славеа на теренот, во соблекувалната и со своите навивачи. Погледнете и сами …












