Лапорта: Не сум изненаден од потегот на Чави

Дерби

18/11/2025

13:26

549

Големина на фонт

а а а

Чави Енрнадес вчера даде поддршка на движењето на Виктор Фонт кое планира да има сериозна улога во претсеадтелските избори кои следат во Барселона, потег кој брзо се најде во центарот на вниманието во шпанската, но пред се во каталонската јавност.

Фонт кој беше противкандидат на Лапорта на минатите избори повторно планира да се бори за промена на гарнитурата на „Камп Ноу“, а вчера стана јасно дека негов сојузник ќе биде и легендарниот капитен.

Чави со самото појавување најави дека може да има важна улога во претседателската кампања на Фонт, па бидејќи јавноста посвети доста внимание на оваа вест, денеска прашање на оваа тема доби и Лапорта.

Актуелниот претседател на клубот вели дека не е изненаден од потегот на човекот кој беше тренер на тимот и во неговиот мандат, пред се поради фактот што знаел дека Чави има пријателски однос со Фонт.

– Не сум изненаден од тоа што го видов Чави на настанот на Фонт. Знам дека имаат однос од минатото и ова за мене не беше никаква новост и никакво изненадување, – изјави Лапорта, кој набрзо треба да донесе одлука кога ќе свика претседателски избори.

– Изборите ќе бидат наредната година, а ќе одлучиме во кое време најмалку ќе му наштетат на тимот. Се уште размислуваме кога да се одржат, но набрзо ќе донесеме конечна одлука, – најави Лапорта.