Леброн се врати и испиша историја, маестро Дончиќ со кошаркарски танц го водеше до победа

Дерби

19/11/2025

10:49

135

Големина на фонт

а а а

Вест на вечерта во американската јавност беше враќањето на Леброн Џејмс на НБА паркетите, а со самото присуство на теренот, „кралот“ испиша историја и се запиша како единствен кој стартувал 23 сезони во најсилната кошаркарска лига во светот.

Џејмс се стави на располагање после подолгата пауза и стана првиот играч кој е дел од 23-та сезона во НБА лигата, па поради тоа, тој и неговиоте соиграчи имаа посебна мотивација да остварат победа против Јута Џез.

Леброн се врати на теренот со 11 поени и 12 асистенции зад своето име, но вистински лидер беше Лука Дончиќ кој му го разубаве историскиот момент.

Словенецот блескаше во победата од 140:126, па зад импресивното издание запиша 37 поени, 5 скокови и 10 асистенции.

Во противничкиот табор, Кејонте Џорџ беше најефикасен со 34 поени, следен од Лаури Марканен со 31 поен.