Хрватска одново ќе биде дел од еден голем настан како Светско првенство, но бидејќи ваквиот епилог беше познат уште пред последната рунда во квалификациите, селекторот Златко Далиќ реши да го одмори Лука Модриќ.
Фудбалскиот маестро доби поштеда и влезе во самата завршница како резерва, но и тоа беше доволно тимот да одигра поорганизирано со него на теренот и да се избори за победа од 2:3.
Хрватска се врати од негатива и направи пресврт во самата завршница, а доста забележителен момент беше и оној кога Модриќ доби стоечки овации од гледалиштето кога влегуваше во игра.
– Да бидам искрен, во прв момент не ни сфатив дека аплаузите се наменети за мене. Кога ќе се случат вакви работи, едноставно се наежувам.
– Навистина чувството е неверојатно. Сум го доживеал ова на доста стадиони во светот и секогаш е убаво, но уште попосебно е кога тоа ќе го доживееш од публика во соседството. Навистина многу сум благодарен, – порача Модриќ.
Видеото погледнете го ТУКА.







