Арнаутовиќ го прекина интервјуто на Барбарез и покажа класа со реакцијата

Дерби

19/11/2025

10:55

199

Големина на фонт

а а а

Босна и Херцеговина ја делеа минути од директен пласман на Светско првенство, но „змаевите“ сепак попуштија и примија гол во Виена во финишот од мечот.

Австрија постигна гол кој и обезбеди директен билет за мундијалот, а генералниот впечаток е дека имаа и малку среќа, бидејќи Босанците изгледаа навистина добро организирано на теренот.

Сергеј Барбарез направи чудо во период од една година и со низа промени донесе значително подобри резултати во Босна, а за тоа доби јавни честитки и од најголемата ѕвезда на Австријците, Марко Арнаутовиќ.

Капитенот на австрискиот тим не штедеше комплименти за босанскиот тим во излагањето по мечот, но во продолжение го прекинал и интервјуто на Барбарез за лично да му честита за сработеното.

– Честитки, честитки….. Секоја чест, ти посакувам се најдобро, – му порача Арнаутовиќ на Барбарез.

Босна сега продолжува во плејофот кој ќе се игра во март наредната година, а противник на ждрепката ќе чека како селекција од третиот шешир.