[ФОТО/ВИДЕО] Овој Канаѓанец има 14 години, а висок е 229 см: Наскоро ќе ги престигне највисоките играчи во историјата на НБА

Точка

09/10/2025

21:00

852

Големина на фонт

а а а

Канадскиот тинејџер Џереми Гохиер, висок 229 сантиметри, моментално е само два сантиметри понизок од највисоките играчи во историјата на НБА, Мануте Бол и Георге Мурешан, кои биле високи 231 см.

Овој млад кошаркар иако има само 14 години веќе го привлече вниманието на светската јавност.

Уште минатата година, Гохиер се најде во центарот на вниманието откако социјалните мрежи беа преплавени со снимки од него како игра кошарка со своите врсници кои изгледале како деца до него, а иако сите имале 13 години, Џереми бил висок дури 218 см.


Ова лето, тој настапувал за Канада на АмериКупот до 16 години, иако бил две години помлад од повеќето учесници. ФИБА го регистрирала на својата официјална веб-страница со висина од 2,29 см, што го прави официјално највисокиот млад кошаркар на турнирот, а воедно и највисокиот активен играч кој моментално игра сериозна кошарка, вклучително и НБА.

Неговите родители рано забележале дека Џереми отстапува од стандардите. До двегодишна возраст бил висок 120 см, а до деветгодишна возраст достигнал дури 170 см.


Иако лекарите го исклучиле гигантизмот како медицинска состојба, причината за неговиот екстремен раст останува непозната. Можно е генетиката да игра одредена улога, но неговите родители се со просечна висина, неговиот татко 183 см, неговата мајка 170 см. Меѓутоа еден дедо бил висок 196 см, а има и роднина кој е висок близу 210 см.

Без оглед на тоа, Џереми често вели дека не сака да достигне 2,5 метри, иако сега е многу блиску до таа граница. Неговата мајка нагласува дека нејзиниот син се справува со својата висина без многу проблеми, но признава дека понекогаш се чувствува како сите да го гледаат.

„Секогаш кога одам некаде, сите ме гледаат. Понекогаш посакувам да сум висок 175 см, да можам да исчезнам, но од друга страна, би сакал да бидам толку високи и да играм кошарка“.


Гохиер игра за канадскиот „Nobel Elite“ и јуниорските репрезентации. На АмериКупот до 16 години, тој имал просек од 2,5 поени, 4,3 скока и 0,5 блокади за 10,6 минути по натпревар. Тренерот Даниел Мулумба истакнува дека покрај неговата висина, Џереми има неверојатна работна етика и силен натпреварувачки дух.

И покрај своите години, Џереми веќе изведува забивања без скок, блокира удари со неверојатна леснотија и повремено се осмелува да шутира тројки или да дрибла.

Тој е дел од новиот бран на исклучително високи таленти од Канада. Имено центарот на Мемфис Гризлис, Зак Едеј, моментално ја дели титулата највисок НБА играч со Виктор Вембањама, двајцата високи по 224 см.


Тука е и Оливие Риукс, 19-годишник кој со 233 см е највисокиот тинејџер во светот според Гинисовата книга на рекорди. Тој исто така имал проба во Реал Мадрид во минатото, а моментално игра за Флорида Гејторс во НЦАА лигата.

Дали Џереми Гохиер и Оливие Риукс еден ден ќе играат професионална кошарка, останува да се види. Но, ако се случи тоа, канадската репрезентација би можела да го има највисокиот центарски тандем во историјата, создавајќи речиси непремостлив „ѕид“ пред својот кош.