Ѕвезда на Барселона не сака да игра во „Ел Класико“: Се надевам дека нема да им требам

Дерби

09/10/2025

18:29

601

Големина на фонт

а а а

На крајот на овој месец се игра првото „Ел Класико“ во оваа сезона, средба на која Реал Мадрид ќе ја има улогата на домаќин на „Сантијаго Бернабеу“.

Тој меч е закажан за 26 октомври, а тоа значи дека „кралевите“ и каталонците до тоа соочување ќе имаат два натпревари, еден во првенството и еден во Лигата на шампионите.

Секој играч дефинитивно сонува да игра на вакви пресметки, па затоа е интересна и изненадувачка изјавата на ветеранот Војчех Шчесни кој се надева дека нема да игра на дербито, поточно дека на време ќе закрепне првиот голман Жоан Гарсија.

-Се надевам дека нема да им требам бидејќи се надевам дека Жоан ќе може брзо да се опорави од повредата. Знам каква е мојата улога оваа сезона и за мене, мојот најголем успех ќе биде што Жоан Гарсија ќе има одлична и успешна сезона. Од моја страна нема конкуренција, нема ривалство меѓу нас. Само се обидувам да го поддржам на најдобар можен начин, но се надевам дека ќе се врати што е можно поскоро. Тоа не значи дека сум мрзелив и не сакам да играм. Сакам да играм натпревари, но само му посакувам брзо враќање, -вели Полјакот и додава:

-Никогаш не се натпреварувам. Натпреварувањето не е добар збор. Сите тие се мои добри пријатели и кога играв, ме поддржуваа, а кога играа тие, бев среќен за нив. Тоа што го имав Буфон со мене… Тој беше мој идол како дете, а гледањето како тренира секојдневно, како се однесува на теренот, како се однесува надвор од теренот, како разговараше со своите соиграчи, беше одлично искуство за мене. И тој беше веројатно оној од кого научив најмногу. Немаше конкуренција со него и се поддржувавме еден со друг.

-Чувствувам дека имам обврска да му возвратам на Жоан. Веројатно нема да може да научи толку многу од мене колку што можам јас од Џиџи, но процесот е прилично сличен, -порача Војчех.