Македонија утре го игра шестиот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година, меч во кој за ривал ќе го имаме првиот фаворит во групата Белгија.
Белгија е селекција која само со Македонија загуби бодови во овој циклус и сигурно ќе бидат мотивирани да не добијат во Гент и го преземат врвот во нашата група.
Меѓутоа избраниците на Милевски имаат свои планови, желби и веруваат дека ако го дадат најдоброто од себе ќе можат да изборат позитивен резултат.
-Белгијците сега знаат против кого играат. Сметам дека тие сега ќе имаат поголем респект кон нас. Мислам дека притисокот е врз нив. Ние секој натпревар го играме исто, се подготвуваме на ист начин. Нормално е како тече циклусот да се зголемува и притисокот, но треба да го тргнеме на страна и да одиграме како што знаеме и да обидеме да стигнеме до добар резултат.
-Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и дека нема да им биде лесно ниту на нив. Како што доаѓа крајот на квалификациите притисокот расте, исто е за нив и за нас. Ова ќе биде една од поважните средби која може да го реши патот во финишот на циклусот. Белгија без разлика на генерацијата, секогаш е силна, произведува добри играчи и неслучајно е таму каде што е, -порача Александар Трајковски за официјалната страна на ФФМ.