Амбер О’Донел, британска инфлуенсерка и боксерка, е име кое стана синоним за контроверзии. Оваа дама, која исто така е присутна и на „Only Fans“, своевремено ја бакнала својата противничка пред еден од нејзините боксерски натпревари.
Сега, по паузата од рингот, 26-годишничката најавува нов, уште посмел чекор – можен премин во светот на мешаните боречки вештини (ММА).
На почетокот од 2023 година, О’Донел се приклучи на растечкиот тренд на „бокс инфлуенсери“ и се пријави да учествува на турнир. Иако забележа и победи и порази во рингот, моментот што ја прослави се случи надвор од него. Имено во јули 2023 година, на мерењето пред борбата против Американката Витни Џонс, се случи бакнеж…
Откако Џонс ја задевала и се приближила на само неколку сантиметри од нејзиното лице, О’Донел ѝ возвратила: „Ако веќе ќе го правиш тоа, направи го како што треба.“ Потоа ја зграпчила противничката и ја бакнала пред шокираната, воодушевена публика.
По два порази во три борби, О’Донел направила шестмесечна пауза од боксот за да се фокусира на други приоритети. Меѓутоа, неодамна повторно предизвика контроверзии објавувајќи видео од тренинг со мистериозен натпис: „Шест месеци пауза, назад на работа. Можеби ММА е следна?“.
„Доаѓам од семејство со ниски приходи и важно ми е да останам приземјена. Голема инспирација за мене е Маркус Рашфорд, тој е неверојатен“, изјавила Британката за „The Sun“ откако почнала да заработува сериозни суми.
Меѓутоа таа е и хуманитарка, а често донира пари на оние на кои им е потребна помош … „Донирам на деца, болници, разни хуманитарни организации… И така натаму секој месец“, изјавила Амбер во едно интервју.