Еве колку чини новиот „VW T-Roc“ на еден од најголемите европски пазари – никогаш не бил поскап

Точка

09/10/2025

10:12

500

Големина на фонт

а а а

Новата генерација е достапна исклучиво со седумстепен автоматски менувач „DSG“ со двојна спојка.

„Volkswagen T-Roc“ брзо го освои пазарот на компактни SUV возила уште од своето претставување во 2017 година. Првата генерација полека го завршува својот животен циклус, а нејзиниот наследник веќе пристигнува во европските продажни салони.

Новиот T-Roc е зголемен за 12 сантиметри и сега достигнува должина од 435 сантиметри, што е приближно границата меѓу компактните SUV модели.

Во Шпанија се објавени официјалните цени за новиот модел.


Додека T-Roc од 2022 година, со бензински мотор од 115 коњски сили и мануелен менувач, започнуваше од 26.825 евра, новата генерација стартува со цена од 34.285 евра.

Новата генерација е достапна само со седумстепен автоматски менувач „DSG“ со двојна спојка и вклучува благ хибриден систем од 48 V, пренесува списанието „Revijahak“.

На почетокот, понудата на новиот "T-Roc" се состои од еден мотор – 1.5-литарски четирицилиндричен бензинец, достапен во две верзии: една со 115 коњски сили, и друга со 150 коњски сили.


Погонот е на предните тркала, а преносот, како што е наведено, оди преку DSG менувачот.

Запремнината на багажникот изнесува 465 литри, што претставува зголемување од 20 литри во однос на претходната генерација.

Следната година понудата ќе биде проширена со два класични хибрида – еден со 136 коњски сили, а друг со 170 коњски сили.


Основниот мотор кај овие верзии исто така ќе биде четирицилиндричниот 1.5 TSI, а подоцна се очекува и пристигнување на "4Motion" изведбите со погон на сите четири тркала.

Ќе остане да се види каков ќе биде ценовникот во Македонија и дали „T-Roc“ ќе биде поевтин на домашниот пазар.