Кој седи покрај возачот – сопругата или мајката? Изјавата на експертка за бонтон отпочна голема расправа на интернет

Точка

08/10/2025

10:00

850

Големина на фонт

а а а

Дали местото во автомобилот, кое го избираат сопругата и мајката на возачот, може да стане повод за семејна расправија? Се покажа дека – може.

Расправата ја отпочна изјавата на експертката за бонтон, Александра Пакула, која во едно од своите видеа зборувала за тоа каде би требало да седи мајката на возачот за време на заедничкото возење.

Според правилата за првенство по возраст или статус, постарата личност – во овој случај мајката на сопругот – би требало да седи покрај возачот. Сепак, на многумина на интернет овие правила им звучат како провокација. Под видеото се нижеле бројни коментари. Некои сметаат дека ваквите правила се сосема застарени.


„Во мојот автомобил до сопругот седам јас, а не неговата мајка“, „Не сум слушнала за тоа правило, но во бракот жената има предност во однос на мајката“, „Кога мажот ќе стапи во брак, предност ѝ дава на својата сопруга“, пишувале многумина. Коментарите со сличен тон биле бројни – некои емотивни, други иронични.

Сепак, има и поурамнотежени ставови. Некои признале дека во нивните семејства пронашле компромис.

„Ние седиме напред, родителите позади. А кога се возиме со нив, ги менуваме местата“. Други гледале на сè практично: „Јас сум возачот – проблемот е решен“, кусо прокоментирала една жена. Многумина додале дека е поважно од правилата на бонтон секому да му биде удобно, особено ако односите со свекрвата се напнати.


Иако темата на прв поглед изгледа банално, отвори поширока расправа за местото на родителите во животот на младите парови. За едни, правилата на бонтон се само теорија што секој може да си ја приспособи. За други, тоа е знак на почит кон постарите и доказ дека семејството има свој ред и приоритети. На крајот, како што покажуваат коментарите, во оваа расправа станува збор помалку за седиштето во автомобилот, а многу повеќе за границите и хиерархијата во рамките на семејството.

Што мислите вие, кој треба да седи покрај возачот – неговата мајка или неговата сопруга?