"Halloween" пристигна порано: Зелената „Mazda“ е хит на секое паркиралиште

Точка

04/10/2025

08:34

2.986

Големина на фонт

а а а

Ова е една од оние фотографии што стануваат сè полоши колку подолго гледате во нив – задлабочете се во ова „ремек-дело“ и сами откријте ги сите детали што сопственикот ги залепил по својата „Mazda“.

Кога некој ќе каже дека „автомобилот мора да има карактер“, таа изјава може да се протолкува на различни начини. Но сопственикот на зелениот „змеј“, снимен неодамна на едно паркиралиште, ја сфатил буквално. Опремена со рогови, жолти тркала, бројни „украсни“ детали и дополнителни гуми поставени напред и назад, неговата (или нејзината) мала „Mazda“ успева истовремено да ги насмее и да ги исплаши минувачите.


Секој детаљ на овој автомобил е посебна приказна. Натписот „SMILE“ треба да поттикне позитивна реакција, но без сомнение, изборот на декорации ќе предизвика згрозување кај љубителите на автомобили. Фотографиите од необично преработеното возило се појавија на „Reddit“, а може да се сфатат и како предупредување – што не треба да направите со својот автомобил ако имате премногу слободно време, ѓубре во гаражата и шарени налепници.


Дали оваа околу петнаесет години стара „Mazda 2“ побегнала од новите „Transformers“, се подготвува за претстојниот „Halloween“ или станува збор за уметничко дело на неразбран уметник? Веројатно никогаш нема да дознаеме.