Француската тенисерка Осеан Додан стана првата тенисерка во историјата која направила зголемување на градите.
Додан привлече огромно внимание поради естетската операција, а како што самата вели, ги зголемила градите — и тоа значително — а со тоа стана првата тенисерка која се одлучила на ваков чекор.
Пред неа, јавноста ја памети Симона Халеп, која направи операција за намалување на градите бидејќи веруваше дека тоа ќе ѝ помогне во движењето на теренот.
„Морав да направам подолга пауза поради повреда и решив тоа време да го искористам за нешто што одамна го посакував – да ги зголемам градите. Воопшто не ми е срам поради тоа“, изјави таа за „RMC Sport“.
Осеан моментално е 363-та тенисерка на светот, а нејзиниот најголем успех е пласманот на 46-та позиција.
„Си реков дека е подобро сега да го направам тоа, отколку да чекам да ја завршам кариерата и да имам 40 години“.
Како што вели, градите значително ги зголемила, но тоа нема да ѝ пречи при играта.
„Не се мали, но со соодветни спортски градници, нема да ми пречат додека играм. Сите ми велеа дека нема да можам нормално да играм ако ги зголемам. Како да станува збор за лубеници! Многу разговарав со мојот хирург и тој ме увери дека нема да има проблем. Ми даде неколку насоки и засега сè оди како што треба“, вели Додан.
Тенисерката ја сподели веста со своите следбеници на Инстаграм, но сè уште не е сигурна дали е навистина единствената што се одлучила на ваков потег.
„Мора да сум единствената што ќе продолжи да игра по операција за зголемување на градите“, изјави Французинката.