Премиерлигаш е прв фаворит за пехарот во Лигата на шампионите

Дерби

03/10/2025

15:20

566

Големина на фонт

а а а

Се комплетираше второто коло во елитната Лига на шампиони, коло по кое имаме само шест тима со максимален учинок и тоа Баерн Минхен, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Интер, Арсенал и најголемото изненадување досега Карабах од Азербејџан.

Допрва следат уште многу предизвици, борби, но „Опта“ уште еднаш објави прогноза за тоа кој е најблиску до трофејот, поточно кои се шансите на екпите за најважните фази во натпреварувањето.

Најголеми шанси да биде првак во оваа кампања има Арсенал со 18,08 проценти по што следи Ливерпул со 14,7 отсто и ПСЖ со 13,96 проценти.

Потоа следат Баерн Минхен и Манчестер Сити, додека шпанските великани Барселона и Реал Мадрид се на шестото и седмото место со 8,3, односно 4,8 проценти.