Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Мастерс турнирот во Шангај. Србинот во второто коло го победи Марин Чилиќ со 7:6, 6:4. Мечот траеше еден час и 54 минути.
Првиот сет Ѓоковиќ го реши во тај-брејк, откако ниту еднаш не успеа да дојде до брејк топка, додека Чилиќ пропушти две во 11-от гем.
Чилиќ, кој играше можне добро во тај-брекот се распадна. Го освои првиот поен, на крајот 13-от гем му припадна на Ѓоковиќ со 7:2.
Добрата игра од финишот на првиот сет, Ѓоковиќ ја пренесе во вториот, во третиот гем направи брејк, а потоа беше мошне сигурен во своите сервис гемови и го доби Чилиќ 20-ти пат во нивниот 22-ри меч.
Инаку ова беше „најстариот“ меч во историјата на турнирите од Мастерс серијата. Ѓоковиќ и Чилиќ заедно имаат 75 години и 139 дена.
Ѓоковиќ во третото коло ќе игра против Ханфман кој го победи Френсис Тијафо со 6:7 (9:11), 6:2, 6:1.