Крауч „знае“ кој ќе победи на дербито Челси-Ливерпул

Дерби

03/10/2025

10:39

621

Големина на фонт

а а а

Од денеска до недела се игра седмото коло во англиската Премиер лигата, а најинтересниот меч се очекува да биде оној во Лондон меѓу Челси и Ливерпул.

Тоа е дуел кој се игра в сабота од 18:30 часот, дуел во кој домаќините ќе влезат со серија од три лоши резултати во шампионатот (два порази и едно реми), додека гостите исто така доаѓаат по пораз од Кристал Палас.

Сите овие фактори како и самото ривалство прави овој меч да биде интересен и за неутралните фанови, а Питер Крауч како човек од фудбалот даде своја прогноза за тоа што може да се очекува на „Стемфорд Бриџ“.

-Очигледно, со победата на Арсенал во последната минута, се чини дека малку се во предност. На Ливерпул веројатно му е потребна реакција, но тешко е да се игра кај Челси. Сепак, мислам дека Ливерпул ќе постигне резултат. Одам, прогнозирам 3-1 за Ливерпул, -истакна некогашниот англиски репрезентативец.