Манчестер Јунајтед и во тековнава сезона се мачи да остави позитивен впечаток и да биде конкурентен како што заслужува клуб од таков ранг, па кога резултатите не се на ниво прстот најчесто се вперува кон тренерот или во случајов Рубен Аморим.
Притисокот врз Португалецот е се поголем и поголем, па иако медиумите почнаа да составуваат и листи со потенцијални наследници засега стратегот ја има поддршката од управата.
До кога ќе биде така останува да видиме, но според Глен Џонсон тренерот не е главниот проблем на Јунајтед.
-Можам да го замислам Аморим како се држи во Јунајтед само затоа што клубот можеби ќе помисли дека во одреден момент мора да застане зад менаџерот. Тие веќе поминаа низ толку многу различни имиња, можеби ќе одлучат дека постојаното сечење и менување не е решение. Со составот што го имаат, играчите едноставно не се доволно добри за да ги предизвикуваат врвните тимови. Затоа Манчестер Јунајтед е таму каде што е, не поради менаџерот. Нив ги победуваат затоа што составот не е доволно добар..
-Стариот Јунајтед одамна го нема. Сите очекуваат да се вратат во првите четири, а тие веќе не се ни блиску до тоа. Со години покажуваат дека не се доволно добри, па не мислам дека можете само да го препишете тоа на менаџерот. Има многу работи што треба да се поправат. Ако го отпуштат Аморим, ќе имаат нов менаџер кој ќе го наследи истиот тим. Што потоа?
-Не мислам дека би можел да препорачам некој менаџер кој би бил вистинскиот да го поправи ова, бидејќи истото е со години со овие играчи. Истите грешки. Жал ми е за овој менаџер и би ми било жал за следниот, бидејќи тие секогаш ќе бидат оние што ќе ја добиваат вината и ќе бидат отпуштени. Во оваа состојба, нема менаџер кој би можел да ги врати на врвот во скоро време, -истакна Џонсон кој ја посочи дефанзивата како голем проблем.
-Тие се едноставно толку неконзистентни. Дефанзивно, тие се шокантни. Не можете да изградите конзистентност ако немате основа. Тоа е врвен клуб, тие се огромно име. Со години беа најдобри, а сега не можат да одбранат директно додавање од 50 јарди. Лудо е да се види. Тие треба да се вратат на основите. Не на Премиер лигата, туку на училишниот фудбал, -заклучи некогашниот англиски репрезентативец.