Денес се навршува уште една годишнина од раѓањето на Сергеј Есенин, големиот руски поет чиј живот и смрт сè уште будат контроверзии и мистерии. Есенин починал рано наутро на 28 декември 1925 година, во луксузна соба на хотелот „Англетер“ во Ленинград, а причината за неговата смрт долго време била предмет на шпекулации – самоубиство поради депресија или убиство режирано од властите?
Животот на Есенин бил драматичен – секогаш живеел единствено од хонорарите за своите песни и бил вечен бездомник. „Црните луѓе“ не го оставале на мир, но тоа не биле визии од алкохолот, како што долго се верувало.
Имено, во последните години е откриено дека во тајните и специјалните архиви на Лениновата и Сталиновата тајна полиција има многу доверливи документи за Есенин: пријави од доушници, записници од полицијата, повици за судења...
Од страв од „црните луѓе“, на самиот крај од животот, Есенин ги запалил своите ракописи, а до денес не се знае ниту кои, ниту колку.
Пристигнувањето во Ленинград и последните денови
Поетот во Ленинград пристигнал на 24 декември. Неговата посета била мистериозна: некои тврдат дека сакал да објави нова книга и да работи на списание, додека други мислат дека се криел од московската полиција. Есенин не го објавувал јавно своето доаѓање, а престој во трокреветна соба не можел да најде преку пријателот Волф Ерлих. Затоа завршил во ексклузивна соба во хотелот, резервирана главно за културни и партиски работници.
Крв како мастило
За време на престојот, го посетиле блиски пријатели, меѓу кои биле брачниот пар Устинови и самиот Ерлих. Главниот доказ во приказната за самоубиството на Сергеј Есенин е песната што поетот ја оставил зад себе, „Довидување другар, довидување“. Според широко распространето верување Есенин ја напишал оваа песна со својата крв. Меѓутоа, никогаш не била направена експертиза за потврда на автентичноста на крвта.
„Довидување другар, довидување“
Довидување, другар, довидување,
Те чуваат, мили, моите гради.
Разделбата е знак на предодредба,
Средбата ни се нуди во далечина.
Довидување, без стегање на рака, без збор,
Не тажи за мене, со спуштени веѓи –
Не е ново да се умре пред својот час,
Но ни животот не е вистинска новост“
Оваа песна, Есенин ја дал вечерта пред смртта на својот пријател Волф Ерлих, кој таа вечер, заедно со уште две лица, се нашол во Есениновата соба. Поетот ја ставил хартијата со песната во џебот на капутот на пријателот и му рекол дека не мора да брза со читањето, дека песната не зборува за него, и дека може мирно да ја прочита следниот ден. Овој детаљ за тоа како песната токму на овој начин стигнала до Ерлих останал запишан само во неговата книга, која ја напишал неколку години по смртта на Есенин.
Ерлих целосно ја заборавил песната. Според неговите тврдења, во целиот тој метеж што се случил околу убиството на Есенин, тој не бил свесен дека во џебот носи еден од клучните докази за самоубиството на поетот. Песната ја предал на полицијата дури на 29 декември, ден по смртта на Есенин.
На местото на убиството излегол инспекторот Гарбов, кој напишал еден сосема непрофесионален извештај, во кој недостасувале клучни делови како опис на просторијата, расфрлани работи, докторскиот извештај… И покрај сè, Гарбов веднаш констатирал дека станува збор за самоубиство, иако му недостасувал еден клучен доказ, кој можел да го види дури следниот ден – токму оваа песна.
Трагично утро: пронаоѓање на телото
Следното утро, околу девет часот, Устинова и Ерлих се обиделе да влезат во собата, но вратата била заклучена. Само со помош на командантот на хотелот го пронашле телото на поетот обесен покрај прозорецот. Според медицинските налози, смртта настанала поради недостаток на кислород. На телото имало расекотини на рацете и големи вдлабнатини на челото, што дополнително го поттикнало шпекулирањето околу околностите на смртта. Есенин, исто така, побарал од портирот да не пушта никој во собата – дали сакал мир за самоубиството, или тоа бил знак дека станува збор за поинакви околности, е прашање што сè уште ги збунува историчарите.
Теории и мистерии: дали Есенин бил убиен?
Некои докази предизвикуваат сомнеж во официјалната верзија за самоубиство: висината на таванот, недостатокот на соодветни предмети за врзување јаже, бројните модринки и расекотини, како и нејасното потекло на јажето. Есенин имал напнати односи со советската власт и отворено ги критикувал владиниот врв и политичките фигури, што дополнително ги подгрева теориите за можно политичко убиство. До денес, ниту една теорија не е целосно докажана, а мистеријата околу неговата смрт останува една од најинтересните во историјата на руската литература.
Наследството на големиот поет
Без разлика на контроверзиите околу неговата смрт, Јесењин остави неизбришлив белег во книжевноста – неговата поезија сè уште инспирира, а секоја анализа на неговите последни денови буди емоции, тага и неизвесност што ги носел со себе. Најпознатите песни на Есенин се: „Песна за кучката“, „Исповед на мангупот“, „Молитва за мртвите“, „Писмо до мајка“, „Кафеанска Москва“ и „Довидување, другару мој, довидување“.