Овој заборавен пијалак бил обожуван во Југославија: Верувале дека е вистински народен лек за стомак и желудник – но само доколку изгледа точно вака

Точка

30/09/2025

15:50

16.451

Големина на фонт

а а а

Мирисот на пелин, нане и камилица во комбинација со жалфија, ким и уште низа лековити тревки било тоа што ја издвојуваше Стомаклијата од другите ракии. Нејзиниот горчлив, но ароматичен вкус длабоко се врежал во сеќавањата на генерациите кои пораснале во Југославија.

Како што Кокта нè враќа во детството, а Краш наполитанките на училишните одмори, така и Стомаклија буди носталгија за времињата кога се живеело поспоро и се собирало на пијалок кој важел и за друштвен еликсир и за лек по богата трпеза. Овој пијалок бил симбол на дружење, традиција и народен лек, па не е чудо што и денес многумина го паметат, иако повеќе не е популарен.


Дванаесет лековити билки

Стомаклија била посебен вид ракија со 35% до 45% алкохол, облагородена со мешавина од дванаесет лековити билки. Во неа обично се наоѓале пелин, нане, камилица, жалфија, коморач и други тревки кои создавале специфичен, горчлив и ароматичен вкус.


Во времето на Југославија, Стомаклија можела да се најде речиси насекаде: во кафеани, на празнични трпези, па дури и во домашните барски витрини за посебни пригоди. Со оглед на тоа колку била распространета, изненадувачки е што со текот на времето исчезнала од рафтовите.

Причините се бројни – новите трендови донеле поинакви вкусови, луѓето повеќе избирале послатки ликери и вотки со ароми.

Нејзиното производство било комплицирано, суровините сезонски, а регулативата строга, па финансиски веќе не се исплатела. Така, во 2012 година целосно исчезнала од пазарот, а компанијата што ја произведувала дошла на работ на банкрот.

На интернет не можат да се најдат сигурни информации дали компанијата успеала да се извлече или добила нов сопственик. Сепак, нивната официјална страница повторно е активирана во 2023 година.


Сепак, многу луѓе се скептични дали станува збор за вистинскиот, оригинален рецепт – веруваат дека единствената вистинска Стомаклија е онаа од дедовото шише од осумдесеттите години на минатиот век, што сè уште се чува во витрина како драгоцена успомена.