[ВИДЕО] Инфлуенсер го фрлил синот од карпа за да го „охрабри“ – се огласи по хаосот на мрежите

Точка

29/09/2025

21:11

1.780

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерот Герет Џи, познат по проектот „The Bucket List Family“, одговори на критиките откако предизвика гнев кај јавноста со видео во кое го фрла својот 7-годишен син Кали од карпа во езерото Пауел. Детето, инаку, се двоумело само да скокне.

„Кога некој би наишол на тоа видео и го види само тој дел, тогаш би се согласил со нив“, изјави Герет за магазинот „People“, па додаде: „И јас би си помислил: ‘Ох Боже, ова изгледа ужасно, и овој татко е премногу груб со детето’. Но, секој што подолго време го следи нашето патување, разбира колку сме внимателни и промислени како родители“.

Патописниот влогер, кој заедно со сопругата Џесика Џи ги има и децата Дороти (12) и Манила (11), призна дека дел од негативните коментари го растажиле.

„Безбедноста секогаш нѝ е приоритет“

„Се виде колку луѓе никогаш не добиле шанса нивните родители да ги поттикнат да пробаат нови работи, па останале заглавени во својата зона на комфор“, изјави Џи. „Кога видов дека луѓето беа толку вознемирени или исплашени од моето видео, си помислив дека би сакал да одам со нив на некоја авантура и да им помогнам да испробаат нешто ново“.

Во описот на спорното видео, Герет нагласил дека не советува другите да го повторуваат тоа.


„Исто така, ова НЕ беше нешто што го направивме со сите наши деца“, додаде тој. „Секое дете е различно, па начинот на кој ги воспитуваме, дисциплинираме и ги учиме како да скокаат од карпа се разликува. Прв приоритет е безбедноста. Втор е учењето дека можете да правите тешки работи. Трет е – забавата“.

„Го однесовме нашиот најмлад, Кали, на карпа за која знаевме дека е безбедна. Најголемата опасност, всушност, беше тоа што тој се двоумеше – ако не скокнеше доволно далеку, ќе паднеше право по карпата. Затоа, за да бидеме уште побезбедни – бидејќи тој сакаше да скокне, но немаше доволно самодоверба... го фрлив јас“, појасни Џи.

Кој е Герет Џи?

Герет Џи е американски инфлуенсер, претприемач и патописец, најпознат по проектот „The Bucket List Family“, каде заедно со сопругата Џесика и нивните три деца ги споделуваат авантурите од патувањата ширум светот.


Џи студирал на Универзитетот „Brigham Young“, каде што играл фудбал, а паралелно ја развил мобилната апликација „Scan“, која подоцна ја продал на „Snapchat“. По продажбата, семејството продало речиси сè што поседувало и тргнало на пат околу светот, документирајќи ги доживувањата преку фотографии и видеа на социјални мрежи.

„The Bucket List Family“ стана глобално препознатлив бренд за семејни патувања, а Џи е главниот креативец зад камерата. Семејството денес живее на Хаваи, но сè уште активно патува и соработува со туристички и „lifestyle“ брендови.