[ФОТО] Нова бизарност на „Temu“: Почнаа да продаваат надгробни плочи

Точка

13/10/2025

14:31

478

Големина на фонт

а а а

Во понудата на онлајн трговската платформа „Temu“ се појавија и плочи за надгробни споменици, што предизвика поделени реакции меѓу потрошувачите.

Познато е дека на „Temu“ може да се најде речиси сè – од предмети за секојдневна употреба, па сè до оние за кои никој не би помислил дека постојат, сè додека не ги види во непрекинатите и агресивни реклами што компанијата ги пласира секој ден.

По бројните измами што корисниците секојдневно ги пријавуваат, како нова контроверзна понуда се појавија надгробни плочи, рамки за фотографии, како и предмети со испишани емотивни пораки посветени на починати блиски лица.


Оваа понуда, според многумина, се граничи со бизарност, а мислењата на корисниците се остро поделени.

Некои корисници на „Temu“ сметаат дека компанијата избрала непристоен начин за заработка, додека други тврдат дека цените се исклучително пристапни и дека оваа услуга би можела да им користи на луѓе кои бараат поекономично решение.


Коментарите и оцените на овие производи укажуваат на едно – постојат луѓе кои навистина направиле сериозна нарачка и преку „Temu“ купиле надгробни плочи и фотографии посветени на своите починати најблиски.