[ФОТО/ВИДЕО] Град којшто е вистинско чудо на архитектурата: Расте само во висина и е единствен во светот којшто има воз што поминува низ станбена зграда

Точка

13/10/2025

10:16

477

Големина на фонт

а а а

Сместен длабоко во планинското подрачје југозападно од Кина, Чонгкинг претставува еден од најнеобичните урбани пејзажи на светот.

Градот којшто брои околу 32 милиони жители, се развивал под екстремни географски ограничувања, па растел речиси само во висина.

Таков вертикален развој резултирал со единствена архитектура која ја спојува природата, технологијата и урбаниот хаос во фасцинантна целина.

Воз низ зграда: Чудо на инженерингот во срцето на градот

Најпознатиот симбол на овој необичен град е секако станицата Лизиба, веројатно единствената железничка станица на светот која поминува низ самата станбена зграда.

Се протега меѓу шестиот и осмиот кат на облакодерот којшто има вкупно 19 катови, а сцената на возовите кои поминуваат низ зградата привлекува илјадници туристи од светот.

Иако многумина мислат дека возот е дополнително провлечен, всушност зградата и пругите биле планирани истовремено. Благодарение на врвната звучна изолација, станарите речиси и да не го слушаат поминувањето на возот, што дополнително придонесува во фасцинацијата на оваа градежна иновација.


Град на вертикалата и лавиринтите

Чонгкинг станал симбол на приспособливоста на современиот урбанизам. Традиционалните концепти на планирање не биле возможни поради релјефот, па улиците, мостовите и зградите поврзани се во повеќе нивоа, создавајќи своевиден тродимензионален лавиринт.

Ваквата структура прави дури и локалните жители да се изгубат во сопствениот град, додека пак за туристите истражувањето на неговите слоеви е вистинска авантура.

Станицата Лизиба станала задолжителна атракција, местото каде многумина гледаат неверојатен спој на технологијата и секојдневниот живот, но таму може да си купите и сувенири, во туристичкиот центар којшто се наоѓа во самиот објект.


Чонгкинг денес важи за симбол на кинескиот урбан идентитет на 21 век, град којшто никогаш не престанува да расте и каде границите меѓу инфраструктурата и животот се бришат на спектакуларен начин.

Станицата Лизиба останува сведоштво на тој спој, инженерски подвиг, туристичко чудо и архитектонска метафора за град којшто дише низ својата висина.