Робот го нокаутираше во фабрика, сега ја тужи „Tesla“ за 51 милион долари!

Точка

28/09/2025

10:22

854

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Tesla“ се соочува со повеќемилионска тужба поради повреда на работник во фабрика.

Несреќата во фабриката на „Tesla“ во Фримонт доведе до тужба од 51 милион долари, при што еден вработен тврди дека претрпел тешки повреди и има милионски медицински трошоци откако бил удрен од робот на производната лента.

Случајот отвора прашања не само за безбедноста при работа, туку и за улогата на автоматизацијата во високо ризични производствени околини, пренесува „CarScoops“.

Според судските документи до кои дошол „The Independent“, 50-годишниот работник Петер Хинтердоблер бил повреден на 22 јули 2023 година, додека му помагал на инженер да расклопи робот од производната лента на "Model 3".

По обидот да „отстрани мотор во основата на роботот за да пристапи до внатрешниот пакет инсталации“, раката на машината го удрила Хинтердоблер „со сила приближна на тежина од 3.600 килограми“, стои во тужбата.


Таму се наведува дека тој веќе има медицински трошоци од еден милион долари, а очекува уште шест милиони во иднина.

Дополнително, бара 20 милиони за болка, страдање и непријатности, 10 милиони за емоционален стрес, еден милион за изгубена заработка и осум милиони за намален капацитет на заработка.

Во тужбата се наведува и дека роботот бил поставен во „простор кој не бил предвиден за таква опрема“ и дека компанијата „Tesla“ по инцидентот вовела нови процедури и безбедносни протоколи „директно како реакција на случајот со роботот кој предизвикал повреда“.

Покрај „Tesla“, во тужбата е споменат и производителот на роботот „FANUC“.


Спорна безбедност и исчезнато видео

Адвокатите на Хинтердоблер тврдат дека „Tesla“ одбива да го достави видео-снимката од несреќата.

Компанијата се обвинува и дека не обезбедила „роботот безбедно да биде исклучен, обезбеден и стабилизиран пред Хинтердоблер да добие дозвола да помогне во процесот на расклопување“.

„FANUC“ се обвинува за „невнимание“ во дизајнот на роботот и за пропуст да ги упати корисниците во неговата безбедна употреба.

Според извештаите, ниту „Tesla“ ниту „FANUC“ засега не поднеле официјален одговор на обвинувањата на Хинтердоблер.

Случајот е сè уште во рана фаза, но укажува на непријатната реалност од комбинирањето на луѓе и индустриски роботи во производството – каде што безбедносните пропусти најчесто стануваат очигледни дури откако ќе се случи несреќа.