Ја знаете онаа фраза кога за автомобил велат дека „го возела само баба до пазар“? „Volkswagen“ уште во претходната деценија сними реклама со духовита игра на оваа реченица.
Рекламата, која ја осмисли холандската филијала на „Volkswagen“, започнува со двајца мажи (веројатно татко и син) кои доаѓаат да разгледаат „Golf“ што е на продажба, а сопственичка е една баба.
Двајцата се воодушевени кога гледаат дека токму таа го продава автомобилот, уверени дека не е многу „искористен“ … но, сериозно се излажале.
Кадар по кадар, бабата се присетува на моменти кога дивеела со својот „Golf“ – лудо паркирање, „прелетување“ преку мост … ништо не ѝ било непознато.
На крајот, договорот е склучен и мажите мислат дека направиле одлична зделка, а „VW“ ја истакнува пораката:
„Не е секоја баба подеднакво доверлива. За среќа, секој Golf е.“