Турнирот во Пекинг полека влегува во својата највозбудлива фаза и одиграните осминафиналиња се најава за уште повозбудливи пресметки во следната рунда, но победата која ја оствари Лоренцо Музети се најде во центарот на вниманието поради еден шокантен испад на Италијанецот.
Музети се намачи во дуелот си Мпетеши Перикар и славеше победа по три одиграни сета, но при крајот на вториот, режираше сцена која ги шокираше сите тениски приврзаници во Кина.
Италијанецот успеа да ја надмине кризата и да слави победа во продолжение, но зборовите кои ги изусти на карјот на вторито сет ќе направат да биде најомразен тенисер до крајот на турнирот.
"They're always coughing those damn Chinese..
— ⁶³ Nene ⁷² || 🦊 (@bubblegum_win) September 26, 2025
they keep coughing, fuck..
they cough every three minutes!
..
*cough cough*"
*full translation of what Lorenzo Musetti said
pic.twitter.com/u8uyPS2TF7
– Секогаш се закашлуваат, тие проклети Кинези….. Продолжуваат да кашлаат по ѓаволите, кашлаат на сите три минути, – порача нервозниот Музети, кој откако наиде на жестоки критики во јавноста, ова утро се јави со извинување.
– Ценети кинески навивачи, би сакал да ви се извинам за она што го кажав вчера во моменти на фрустрација за време на мечот. Моите зборови беа упатени само кон неколку поединци во публиката кои кашлаа и ми сметаа. Во ниту еден момент не го мислев тоа за кинескиот народ. Тоа се случи во стресен момент, во моменти на напнатст во тајбрејкот во вториот сет, но знам дека не можам да најдам оправдување за тоа што го направив.
– Свесен сум дека начинот на кој се изразив беше погрешен и непримерен и знам дека повредив голем број кинески фанови. Длабоко жалам за тоа и нависитна се каам за тоа што го направив. Отсекогаш сум се воодушевувал на кинескиот народ и навистина го ценам тоа што играм тука пред вас. Секоја година се враќам во Кина од 2018-та наваму и секогаш сум добро пречекан. Благодарен сум на поддршката која секогаш ја добивам и знам дека имам големи фанови во Кина. Уште еднаш, навистина ми е жал за тоа што се случи, ве почитувам од дното на душата и тука се чувствувам како дома, – порача Музети.