[ФОТО] Втора менаџерска жртва во Премиер лигата пред стартот на шестото коло, Нуно добива нова шанса во Лондон

Дерби

27/09/2025

14:28

195

Големина на фонт

а а а

Брентфорд и Манчестер Јунајтед ќе ја отворат шестата рунда во Премиер лигата, а непосредно пред стартот на возбудувањата, од Англија пристигна вест за нов менаџерски отказ.

Грем Потер „висеше на конец“ по ужасната серија на резултати на Вест Хем, па иако се чинеше дека ќе добие последна шанса против Евертон, сепак поранешниот менаџер на Челси нема да го дочека натпреварот против „карамелите“ како предводник на лондонскиот клуб.

Вест Хем се одлучи за необичен тајминг и му врачи отказ на Потер пред самиот старт на шестата натпреварувачка рунда, со објаснување дека резултатите не се ни приближно добри и далеку од очакуваните.

„Чеканите“ освоија само три бода во првите пет кола во Премиер лигата, но резултатите не беа добри ниту на крајот на минатата, па тоа го натера клубот да му врачи отказ на Потер само осум месеци по назначувањето.

Грем е втората менаџерска жртва во Премиер лигата на стартот на сезоната, а иронично е тоа што најверојатно ќе биде заменет од човекот кој прв доби „шут-карта“, Португалецот Нуно Еспирито Санто.

Како што јавуваат најугледите англиски медиуми, Нуно веќе одржал позитивни разговори со водечките луѓе на Вест Хем и дал зелено светло за преземање на клубот, што автоматски ќе му донесе нова авантура во Лондон по онаа што ја имаше со Тотенхем.