Роналдо не гласал за признанието „Копа“, само три легенди не го ставиле Јамал на прво место

Дерби

27/09/2025

15:47

171

Големина на фонт

а а а

Доделувањето на „Златната топка“ и натаму носи интересни реакции и коментари, нешто што е вообичаено кога се работи за најпрестижното индивидуално фудбалско признание, а подоцна објавените гласови открија дека Усман Дембеле имал сериозна предност во однос на Ламин Јамал.

Фудбалерот на Барселона како мала утеха го доби „Копа“ признанието, кое се доделува за најдобриот играч на возраст до 21 година, а организаторот откри интересни детали со објавувањето на начинот на кој гласало жирито.

За разлика од главната награда, носителот на „Копа“ наградата го бираат поранешните освојувачи на „Златната топка“, а Кристијано Роналдо бил еден од оние кои решиле да не учествуваат во гласањето, односно да го искористат правото да влијаат на освојувачот на признанието.

Само три фудбалски легенди не го ставиле Јамал на првото место во гласањето, а тоа се Роберто Баџо, Павел Недвед и Руд Гулит, при што интересно Холанѓанецот воопшто не гласал за шпанскиот репрезентативец.

Покрај Роналдо, во гласањето не се вклучиле ниту Кевин Киген и Мишел Платини.