Буфон испрати предупредување до својот син по дебито за Пиза

Дерби

27/09/2025

14:15

140

Големина на фонт

а а а

Луис Буфон го привлече вниманието минатата сезона кога реши да ја избере репрезентацијата на Чешка, пред Италија, а бидејќи неговото презиме е премногу звучно, се најде во фокусот и кога пред неколку дена доби шанса за првиот тим на Пиза.

Талентираниот 17-годишен фудбалер е член на младинскиот тим на Пиза и е регистриран како играч на вториот тим, но сега доби 30-тина минути во Купот и тоа беше професионално деби за него во Копа Италија.

– Среќен сум за мојот син, тој го заслужува ова поради тешкиот пат кој го изоде, но и поради желбата и посветеноста која ја покажува со години наназад.

– Сепак, 30 минути во Копа Италија не ве прават фудбалер. Тој добро го знае тоа и треба да ја има таа мисла во глава за во иднина, – порачува Џиџи Буфон.

Луис има 17 години и игра како напаѓач, па останува да видиме дали оваа сезона ќе дочека и деби во Серија А.