[ВИДЕО] Де Пол се обиде да постигне „невозможен гол“ на тренинг, па доби лекција од маестро Меси

Дерби

27/09/2025

14:55

184

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси игра во страшна форма во Америка и забележа пет погодоци и три асистенции на последните три натпревари, но видеата кои пристигнуваат од САД ни откриваат дека ужива и на тренинзите.

Интер Мајами му овозможи на Меси да ужива покрај добро познати лица како Жорди Алба, Суарез, Бускест и Де Пол, а пристигнувањето во тимот на сонародникот го направи тимот уште покомпетитивен.

Де Пол се очекува да биде големо засилување во обидот да се стигне до титулата, меѓутоа играчот за врска сега се најде во центарот на вниманието поради една ситуација од последниот тренинг, во која се вклучил и Меси.

Родриго имал обид за „невозможен гол“, но откако истиот завршил неуспешно, добил лекција од големиот фудбалски мајстор.

Меси со голема леснотија постигна трик-погодок од зад голот, по што доби честитки и прегратка од Де Пол.