Алегри пред големото дерби на „Сан Сиро“: Противникот е главен фаворит за титулата

Дерби

27/09/2025

15:31

140

Големина на фонт

а а а

Масимилијано Алегри го прифати предизвикот да се врати во Милан во период кога клубот минува низ турбулентни времиња, но првите неколку натпревари во Серија А покажаа дека актуелните фудбалери ја следат визијата на искусниот стручњак и веруваат во методите кои ги применува.

По стартниот шок и поразот од Кремонезе, Милан врза ветувачки три победи во домашното првенство, а сега во петтото коло го има првиот најголем предизвик, и тоа на домашен терен.

„Росонерите“ ќе го пречекаат италијанскиот првак Наполи утревечер на „Сан Сиро“, па најавата за дербито донесе и интересна изјава од страна на Алегри.

– Наполи имаше возбудлив трансфер пазар и верувам дека противникот кој ќе го имаме утре е главен фаворит за титулата во Серија А. Конте е извонреден и знае како да го извади најдоброто од секој фудбалер. На последните 26 меча кои ги имаат одиграни, победиле 18 пати.

– Наполи е тим кој изминативе години се навикна да победува на „Сан Сирот“, па се надеваме дека ќе ги промениме тие бројки. Очекувам одличен натпревар, ова ќе биде прв голем предизвик за нас и ќе добиеме добар тест за тоа да видиме до каде се наоѓаме, – изјави Алегри.